„Ах таа серенада“ премиерно на МРТВ

Известување

Прв канал на МРТВ Недела 12.11.2023 со почеток во 11.50 ч

КАТЕГОРИЈА

Сценско уметничка дејност

ЛОКАЦИЈА

Офицерски дом

Времетраење на настанот

12 November 11:50 - 12 November 14:00 2023

Почитувани граѓани,Со особено задоволство ја споделуваме информацијата за премиерното емитување на снимка од Фестивалот на староградска музика„ Ех, таа серенада“ во Битола на првата програма на Македонската радио телевизија , оваа Недела 12.11.2023 со почеток во 11.50 ч. Да потсетиме битолчани имаа можност да уживаат во 16 композиции од познати автори и уште толку попознати изведувачи, придружувани од Камерниот оркестар на Битола. Организаторот на оваа манифестација е установата за култура КИЦ Битола, со поддршка на Општина Битола. Целта на оваа манифестација е да се врати традицијата на серенада како белег на Битола низ минатото и да се продуцираат нови, квалитетни македонски авторски композиции од овој жанр. КИЦ Битола веќе го подготвува наредното издание на „Ах таа серенада“ 2024 г.

Scroll to Top