ЗА НАС

Културен и информативен центар Битола , скратено КИЦ Битола е јавна општинска установа од областа на културата и уметноста. Установата се основа за остварување на локалниот интерес во културата од локално значење за граѓаните на Општина Битола како единица на локална самоуправа, од областа на издавачката дејност, музичката дејност, сценско-уметничката дејност, филмската дејност, галериската дејност, дејноста на домовите на културата и дејноста за посредување во културата.

Главна дејност на Установата е: Дејност на објекти за културни манифестации, што опфаќа дејности на концертните и театарските сали и останатите објекти на културата.

Проширување на дејноста и други статусни промени на Установата може да се направат со измена на овој статут и со согласност од основачот односно Советот на Општина Битола.

Навремена, постојана и квалитетна информација е неопходна во процесот на промовирање на настаните, програмите и изведувачите, како и градење однос со публиката и медиумите. Културниот информатор е алатка која преку која КИЦ Битола, ќе ги реализира културно – информативните активности и ќе ја доближи културата и уметноста до пошироката јавност.

Димитар Михајловски
Директор

ДИРЕКТОР

Димитар Михајловски е филмски уметник и продуцент со повеќе од 20 години искуство во организација и реализација на театарски, филмски, музички и други културни проекти, а од 2026 година ја извршува функцијата директор на Културно-информативен центар Битола.

Досегашни работни искуства

Димитар Михајловски е филмски уметник и продуцент со повеќе од 20 години професионално искуство во областа на културата, филмската и театарската продукција. Дипломирал на Интернационалниот Универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ во Скопје, на Факултетот за филмски уметности, каде што се стекнал со стручен назив филмски уметник – продуцент.

Во текот на својата кариера бил ангажиран како продуцент и организатор на бројни театарски претстави, филмски проекти, музички манифестации и други културни настани, придонесувајќи за развојот и промоцијата на културниот живот.

Пред да биде именуван за директор на Јавната општинска установа Културно-информативен центар (КИЦ) Битола, Михајловски работел во Националната установа Народен театар Битола, каде што стекнал значајно искуство во организацијата и реализацијата на културни проекти.

На 15 април 2026 година е избран за директор на Јавната општинска установа Културно-информативен центар Битола, со цел да придонесе кон понатамошниот развој на културните активности, унапредување на институцијата и поддршка на современото културно творештво.

7000 Битола

Правни акти

Управен одбор

Ирена Димовска Митревска

Јане Крстевски

Викторија Христовска

Број на вработени: 14
 
Scroll to Top