Ден на пијаното 2024

Ви го претставуваме 4тото издание на ДЕН НА ПИЈАНОТО 2024
На овој ден кој е во чест на неговото величество ПИЈАНОТО, за прв пат правиме една маѓународна погранична соработка помеѓу Здружението “Пијано”од Битола, Музичкото училиште “Тефта Ташко Кочо” од Корча, Р. Албанија и Музичкото училиште од Јаница, Р. Грција.

Концертот ќе се одржи во величествената концертна сала на КИЦ – Офицерски Дом – Битола
на 28.3.2024г.од 18ч. а во склоп на настанот ќе биде реализирана и тркалезна маса со отворена дебата за едукативните образовни програми за пијано во нашата држава и надвор од неа

Дизајн на постер – Ликовен уметник Васко Ѓоргиев Vasko Gorgiev

Секогаш во својство на музиката 

Ваше, Здружение Пијано

Scroll to Top