„Детски семафор“ 2024
Известување
Доделување на награди и изложба во КИЦ Битола, по повод литературниот и ликовен конкурс во рамките на 51-от Регионален натпревар „Детски семафор 2024“, На почетокот на месецот Фебруари беше распишан литературен и ликовен конкурс на тема „Сообраќај“ за учениците од основните училишта. На конкурсот за литературни творби се пријавија 54 ученици, а за ликовни 123, во 3 категории според возраста на учениците. Наградите за учениците и нивните ментори ќе се доделат во КИЦ-Офицерски дом на 17.04.2024 во 14 часот. Во истиот простор ќе биде поставена изложба од одбраните творби, а наградените ученици ќе ги прочитаат своите творби. Манифестацијата е финансирана од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот - Битола, а наградите ќе ги доделува Градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски.
КАТЕГОРИЈА
Посредување во културата
ЛОКАЦИЈА
Офицерски дом
Времетраење на настанот
17 April 14:00 - 17 April 16:00 2024
