ИСТОРИЈА
Офицерски дом, еден или можеби најубавиот објект во Битола, заштитено културно – историско наследство од посебно значење, гордост на битолчани, сведок на минатото, дел од колективната меморија на генерации, денес наша гордост, Културен и информативен центар, средиште на културниот живот во Општина Битола.
Започнат на иницијатива и покровителство на битолскиот валија, Абдул Керим Паша, кој важи за еден од напрогресивните личности за Битола во почетокот на 20 – век, човек кој остави градителски сведоштва меѓу кои и Офицерскиот дом.
Граден како спој на тврдина и палата, спој на источната и западната градителска традиција, зад чии проект се потпишани италијански и австриски архитекти, изграден од вредните раце на смилевските мајстори, започнат 1909 г. во време на османлиската империја,
целосно е завршен 1919 г. во време на српското владеење со Битола. Се верува дека со градбата раководел познатиот украински архитект Валери Гусин, најверојатно, белогардеец кој емигрирал во Македонија. Првично наменет за средби, дружби, приеми, прослави и балови на офицерскиот кадар од повисок ранг, со текот на времето се повеќе се отвора за цивилното население и станува средиште на културниот и социјален живот на битолчани за цело време на своето постоење… Неговата исклучителна архитектонска вредност, убавина и функционалност го прави податлив за културни и настани од јавен карактер. Препознатлив и по својата велелепна внатрешност, важи за еден од најатрактивните музичко-сценски простори во регионот, надалеку познат по акустичноста и репрезентативноста на горната , сега концерна сала.
Во својата речиси сто и тринаесет годишна историја, Офицерскиот дом имал свои подеми и падови… Благодарение на проект за реставрација за развој на туризмот и културата, со грант од ЕУ, објектот е целосно рестравриран и ставен во фунцкија 2019 г.
Денеска објектот е соопственост на Општина Битола и како таков, функционален дел и седиште на ЈОУ Културен и иформативен центар – Битола, средиште на бројни културни и јавни настани.
Истиот е целосно во функција на развој и промоција на културата и уметноста, како и промоција на туризмот.