„Македонски вруток“
Известување
18.04.2024, 20.00ч КИЦ Офицерски Дом, Битола Македонски Вруток е концерт кој ги слави животите и делата на великаните на македонската музичка сцена, како што се Властимир Николовски, Благој Цанев, Драган Шуплевски, Ристо Аврамовски, Кирил Македонски и многу други. Овој настан е посветен на нивниот неизмерен придонес како дел од втората генерација на повоени македонски композитори, кои играат критична улога во развојот и збогатувањето на македонското културно наследство, претставувајќи ги како стожери на музичката традиција.
КАТЕГОРИЈА
Сценско уметничка дејност
ЛОКАЦИЈА
Офицерски дом
Времетраење на настанот
18 April 20:00 - 18 April 22:00 2024
