ОФИЦЕРСКИ ДОМ
Офицерски дом, седиштето на ЈОУ Културен и информативен центар Битола, располага со повеќе сали и изложбени простории.
- Кристална сала
На приземјето се наоѓа таканаречената „Кристала сала“ со капацитет од 100 седишта, која е наменета за промоции, изложби, предавања, презентации, проекции, музички настани и коктели. - Свечена сала
На првиот спрат се наоѓа велелепната „Свечена сала“ на Офицерскиот дом со капацитет од 140 седишта , каде се наоѓа и концертниот клавир „Безендорфер“ .
Оваа сала е наменета за музичко-сценски настани, промоции, изложби, танци, образовни и други настани од јавен карактер.
Салата има помошни простории кои им овозможуваат на изведувачите место за подготовка. - Техничка поддршка
ЈОУ Културен и информативен центар Битола располага со соопствено озвучување, видео проектор и стручен тим, како поддршка на настаните кои се случуват во објектите на КИЦ Битола. - Источна галерија
На вториот спрат се наоѓа „Источната галерија“ која е наменета за ликовни изложби и визуелени проекти. - Алтернативен галериски простор
Во подрумските простории на Офицерскиот дом, се наоѓа „Алтерантивниот галериски простор“ кој овозможува поставување на ликовни, мултимедијални и
други аудио-визулени поставки и проекти со алтернативен карактер. - Плато
Офицерскиот дом располага со две надворешни сценски локации, познати како „мало плато “ кое се наоѓа на северната страна и “големо плато“ кое се наоѓа на јужната страна од
дворот на Офицерски дом. Овие сценски локации се место на оддржување на голем број на музичко – сценски, танцови, фестивалски, образовни и други јавни настани на отворено,
во периодот од пролет па се до пречек на Нова година.