Дариус Конџи во Кино Браќа Манаки

Слободно и непретенциозно може да се каже дека на оваа издание на ИФФК Браќа Манаки, токму „Кино Браќа Манаки“ е средиштето на збиднувањата од филмскиот енсаф. Во прилог на оваа констатација е вчерашниот настан кој ќе биде забележан како „историски“ , поради форматот на гостинот и интересот за неговата работа.

Светски познатиот филмски снимател Дариус Конџи (роден во Техеран, Иран) кој одржа Master Class пред неброена публика во киното кое што беше исполнето со студенти на филмска камера, филмаџии, луѓе кои се поврзани со денешната индустрија на производство на разна филмска опрема, камери и објективи .

Присуството на мастер класот беше збогатено и со претставници од Француската Амбасада како и Француската читална од Скопје како и почесниот конзул Калиопа Стилиновиќ .

Дариус Конџи е двократно номиниран камерман од Американската Академија за Филм и Науки за најпрестижната филмска награда ОСКАР Дариус, кој во своето портфолио, може да се пофали со соработката со филмски режисери како Вуди Ален, Бернардо Бертолучи, Дејвид Финчер, Михаил Хенеке и многу други.

Во прилог фото галерија од нашиот колега Сашо Ставрев страстен филмофил и фото хроничар на ИФФК Браќа Манаки од неговите први почетоци.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top