Ни претставува особено задоволство да го најавиме завршниот настан со кој нашата установа КИЦ Битола, ќе ја круниса летната културна сезона.
Во Среда на 17 Септември со почеток во 20.00 ч. на големото плато пред Офицерски дом – КИЦ Битола со голема возбуда го најавуваме концертот „ПЕСНИ ОД СРЦАТА“, со врвните македонски оперски уметници Ана Дурловски и Игор Дурловски, придружувани од Камерениот оркестар „АЈГА“ под диригентска палка на Иван Еминовиќ.
Публиката ќе има единствена можност да ги проследи традиционалните македонски песни како; „Дејгиди, луди млади години“, „Разболела се Ленка“, Пингова, „Што да правам, што да чинам“, „Си заљубив едно моме“, „Пајдушко“ и многу други во изведба на дуото Дурловски.
Ве покануваме на ова исклучително музичко доживување со кое на најдостоинствен начин ќе ја испратиме богатата летна културна сезона.
Влезот е слободен.
со почит,
КИЦ Битола
