Синоќешниот концерт на триото „Интерарт“ беше празник за класичната музика во Битола. Во преполната сала, публиката со задржан здив ги проследуваше изведбите на делата на Шостакович, Доплер, Фирсетау, Петровски и Кларк, изведени со уметничка страст и прецизност. Искусното трио составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска со уиграна леснотија и виртуозност ја поведоа публиката на емоционално патување со делата на великаните на класиката…Триото „Интерарт“ е формирано 1997 година и зад себе има богата и респектибилна домашна и меѓународна кариера.
Концертот е оддржан во рамките на програмата на Бит фест 2025.







