„ПЕТКО“ ВО БИТОЛА!

kicbitola

🎭☀️ БИТФЕСТ – Битолското културно лето за големи и мали ☀️🎭
По гостувањето на Охридско лето, највеселата детска фамилија пристигнува и во Битола ▪️
На 29 август во 20:00 часот, големата сала на Центар за култура ќе експлодира од боја, музика и детска енергија, со спектаклот на 5+ Бендот.
Благодарение на ОХО продукција, дел од најголемиот културен настан во градот – БИТФЕСТ – ќе биде посветен токму на најмладите.
Со повеќе од 150 концерти, десетици претстави и стотици епизоди зад себе, 5+ Фамилија не е само музички феномен – туку вистинска мисија што ги учи децата на љубов, пријателство, различност и креативност.
🎶 На сцената ќе оживеат омилените херои – Лина, Петко, Лиз, Детективот Цветко, Тетка Душке и Алек – а салата ќе одекнува со „Маскенбал“, „Чудна шума“, „Тераса“, „Сите сме еднакви“ и уште многу хитови што ги пеат генерации деца.
📍 Центар за култура – Битола
🗓 29 август, 20:00 часот
БИТФЕСТ и ОХО продукција во соработка со Културен и информативен центар Битола ја носат магијата на 5+ во Центарот за култура во Битола – затоа што детството е најгласно кога пее 💥

Влезници по цена од 150.00 ден. може да се купат уште денеска на билетарата на Офицерски дом – КИЦ Битола, до 21.00 ч. , а веќе од утре и на билетарата на НУ Центар за култура Битола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top