НУ Камерен Оркестар на Битола го најавува својот шести концерт за сезоната 2025, Концерт со двајца солисти.
Публиката ќе има можност да чуе дела од В.А. Моцарт, Џ. Верди, Џ. Пучини и Е. Шосон во изведба на сопранот Билјана Талевска, а на виолина ќе настапи Валентин Наумов. Специјален гостин на вечерта ќе биде баритонот Кристијан Антовски, кој со својот топол и драматичен глас ќе внесе дополнителна димензија на програмата.
Концертот е под диригентска палка на Владимир Димовски.
12.06.2025 | 20:00 часот | Офицерски Дом Битола
Влез слободен
