Промовирани списанието „Современи дијалози“ и зборникот „Женски книжевен хабитус“

Вчерашниот ден во знак на пишаниот збор. Во Кристалната сала на Офицерскиот дом на симболичен начин се сретнаа енергиите и семантиката која извира од ликовите на „битолчани“ од изложбата на фотографии на Ивона Кочов кои „пркосат против заборавот“ и чуварите на зборот кои пркосат против заборавот на словото. Симболично поставени во круг, членовите на Македонското научно друштво Битола го промовираа списанието „Современи дијалози“ и зборникот „Женски книжевен хабитус“, по што следеше поетско читање од членовите и нивните гости.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top