Одбележување на 30 годишнината од постоењето на Заедницата на Срби во Македонија – Битола, како и Денот на Српско единство, слобода и национално знаме

Од настаните со кои ја заокруживме минатата недела го издвојуваме настанот на одбележување на 30 годишнината од постоењето на Заедницата на Срби во Македонија – Битола, како и Денот на Српско единство, слобода и национално знаме . По тој повод во Свечената сала на Офицерски дом Битола, се одржа свечена академија на која беа присутни голем број на гости од Битола, Македонија, Србија и црна Гора, членови на Заедницата , но и истакнати званици, помеѓу кои и Градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски кој и се обрати пред присутните. На настанот освен уметничка програма, беа доделени плакети на истакнати членови и поддржувачи на Заедницата на Србите во Македонија и истакната блискоста и соработката помеѓу македонскиот и србскиот народ.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top