Вчерашниот ден беше во знакот на женската енергија. Имено во организација на Советот на женско претприемништво на Битола во Кристалната сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола, жените претприемачи имаа можност да ја промовираат својата работа. Ги имаше од најразлични профили; менаџерки во компании и банки, дизајнерки, од креативните индустрии и приватни производители…Настанот и присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски, кој ја потенцира отвореноста на Општина Битола за поддршка на женското претприемништво како важен сегмент за локалниот социо-економски развој.









