Од денеска, посетителите на Офицескиот дом-КИЦ Битола, ќе имаат ретка можност за едно поинакво уметничко доживување. Имено, на самиот влез пред скалилата кои водат до Свечената сала, поставена е уметничка инсталација „ЕКВИЛИБРИУМ“ на ликовниот уметник Владимир Симоновски. Со ова, КИЦ Битола и Симоновски започнуваат една невобичаена соработка која има за цел оплеменување на просторот на Офицерски дом, но и достапност на уметничите дела надвор од редовниот шаблон на изложбени претставувања. Во прилог, фотографија од „ЕКВИЛИБРИУМ“ од неодамнешната групна изложба во НУ Завод и Музеј, на која се авторот Владимир Симоновски и големиот ликовен уметник Киро Урдин, а втората фотографија е од делото поставено во Офицерскиот дом.

