Минатата сабота, Офицерски дом беше во знакот на музиката на М. Равел и Содерберг Квин, создавајќи речиси мистична амбиенталност благодарение на елегантната виртуозност на Марко Поп Ристов на виолина и Исак Харачиќ на виолончело во рамките на нивниот концерт Соната за виолина и виолончело.
Концертот е организиран во соработка со @AICSTirana во рамките на проектот „Culture and Creativity for the Western Balkans“ @cc4wbs, проект финансиран од Европската унија @europa.ba, кој има за цел поттикнување дијалог на Западен Балкан преку зајакнување на културниот и креативниот сектор со цел поголемо социо-економско влијание.





