Со особено задоволство ја најавуваме изложбата на уметнички слики на Македонка Димова – Дона од Кавадарци.
Димова е визуелна уметница чиј творечки израз се остварува преку сликарството на платно. Во својата работа таа истражува емоции, внатрешни состојби и суптилни односи помеѓу формата, бојата и просторот. Нејзините дела се карактеризираат со изразена сензитивност, слоевитост и личен ликовен јазик. Две години по ред е наградувана со меѓународен сертификат за најквалитетно уметничко дело во Музејот во Луксембург.
Отворање на изложбата е закажано за четврток 23.04.26 во 19:00 ч. во Кристалната сала во Офицерски дом – КИЦ Битола.
Ве очекуваме ,
КИЦ Битола
