На прес конференција најавен првиот „Вински фестивал“ во Битола


Прес конференција по повод претстојниот „Вински фестивал“ Битола, денеска се одржа во Кристалната сала на Офицерски дом – ЈОУ КИЦ Битола.

На почетокот на конференцијата се обрати градоначалникот Тони Коњановски кој го најави одржувањето на оваа нова манифестација која ќе ја мапира Битола како град каде винската традиција и култура се дел од препознатливоста и уште една причина за посета на градот на конзулите, а сега и градот на виното и добрата забава. Деталите за првото издание ги соопштија претставникот на организацијата на Вински фестивал Битола, Пане Темов и Димитар Михајловски, директор на ЈОУ КИЦ Битола. Фестивалот ќе трае од 7-9 Мај и во овие три денови битолчани и посетителите од другите градови ќе можат да дегустираат бројни сорти на вино и да уживаат во атрактивната забавна програма која во името на легендарните „Паркети“ ја најави нивниот член Зоки Паркет.

Фестивалската програма е замислена како спој на различни музички вкусови и генерации. На сцената пред Офицерски дом ќе настапат повеќе домашни изведувачи, меѓу кои B52, „Пауза за ракија“, DJ Александар Јорданов, Lockdown, „Оркестар DIVA“ , DJ Гоце Саф, Zdrave Music, „Љубојна“ и „Паркети“. Организаторите најавуваат програма што го следи духот на Битола, разновидна, урбана и опуштена, со доволно простор и за концертна атмосфера и за лежерно фестивалско дружење.

фото: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top