Официјално започна проектот – АТЕЉЕ СИМФОНИЈА НА ПЕТТЕ: ЗВУЦИТЕ НА ОФИЦЕРСКИ

Денеска во Алтернативниот изложбен простор на Офицерски дом -КИЦ Битола со првата средба помеѓу уметниците – ученици и нивните ментори , со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, директорот на КИЦ Битола, Димитар Михајловски и проектниот тим предводен од Даниела Николовска започна проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“. Во оваа прилика учесниците во проектот беа поздравени и од градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој ја поздрави нивната иницијативност и креативност, потенцирајќи ја подготвеноста за поддршка на нови иницијативи преку кои младите во Битола ќе можат да ја искажат својата креативност.

Овој проект претставува уникатна интердисциплинарна иницијатива која има за цел да го отвори креативниот процес пред очите на јавноста.

Наместо во затворени кабинети, уметноста ќе се создава во алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола, претворајќи го во „Живо атеље“. Во период од три недели, 20 талентирани ученици ќе творат директно во галеријата,

демистифицирајќи го патот од првата скица до завршеното дело. Акцентот е ставен на решавање на ликовните предизвици во реално време, поддржано од стручно менторство. Проектот поттикнува соработка и заедничко творештво, изнесувајќи ја едукацијата во јавната сфера. Оваа иницијатива претставува ретка можност за публиката да биде сведок на „раѓањето“ на уметноста, истовремено нудејќи им на младите автори професионална платформа за развој и изложбена дејност.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top