Започна „Пијано фест“ 2026

Синоќа со концерт на НУ Камерен оркестар на Битола, пијанистот Јане Петровски, како и со специјалната гостинка и член на жирито, пијанистката Емa Попивода под диригентска палка на Диригент Владимир Димовски, во Офицерски дом – КИЦ Битола, започна „Пијано фест“ 2026.

Денеска и утре Офицерски дом-КИЦ Битола ќе биде исполнет со звучите на пијаното на млади таленирани ученици од Македонија и регионот, кои ќе се натпреваруваат во категории. Ова е осмо издание на „Пијано фест“ и е во организација на Асоцијацијата на пијанисти и музички педагози од Битола и важи за еден од најреспектибилните фестивали од овој тип во поширокиот регион. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура и туризам на Македонија, како и Општина Битола, во соработка со Државното музичко училиште Битола и домаќините ЈОУ КИЦ Битола.

фото: Далибор Митковски

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top