Успешно реализиран онлајн настан – „Граѓански кругови“
На 20 мај успешно го одржавме онлајн настанот за промоција на резултатите од проектот
„Граѓански кругови – од институционален молк до дијалог предводен од младите“ ![]()
Во рамки на настанот ги презентиравме постигнатите резултати од проектот, кој ги опфати сите 9 општини во Пелагонискиот регион и создаде простор младите активно да учествуваат во креирањето на локалните политики.
Дискутиравме и за:
можностите за репликација на овој модел во други региони
градење партнерства помеѓу младите и институциите
зајакнување на младинскиот глас во процесите на одлучување
Проектот беше реализиран од МКЦ-Битола во партнерство со Про Локал-Битола и општините од регионот, со цел да се поттикне отворен и конструктивен дијалог помеѓу младите и локалните власти.
Голема благодарност до сите учесници
Проектот е поддржан преку грант шемата на RYCOgnizing YPS, поддржана од Германската соработка и имплементирана од RYCO.


