Kонцерт на медитативна музика – „Mountain Silence“ 
Во сабота, 13 јуни со почеток во 20:00 часот, во просториите на Офицерски дом Битола, ќе се одржи концертот „Mountain Silence“, составен од медитативни композиции на Шри Чинмој, изведени од музичкиот ансамбл од Цирих, Швајцарија.
Публиката ќе има можност да ужива во нежни мелодии и инспиративна атмосфера што создава простор за внатрешен мир, размислување и духовно збогатување.
Ве очекуваме да бидете дел од ова несекојдневно музичко доживување.
Влезот е слободен.
Офицерски дом Битола
13 јуни
20:00 часот
