Ги познаваме како музичари од градот кои членувале во различни музички групации, но нивната интимна пасија кон гитарата како благороден инструмент дојде до израз токму преку синоќешниот концерт на познати филмски теми во рамките на Бит фест 2026, под проектно име „Битолски гитаристи“ . Искрени честитки за Филип, Џима, Златко и Тони, за нивната посветеност кон овој проект кој ја собра и задржа до крај бројната публика на малото плато пред Офицерски дом-КИЦ Битола.










