Најголемиот фоклорен фестивал во регионот со најава на 56-тото издание во рамките на Бит фест 2026

Денес во фоајето на НУ Центар за култура се одржа прес конференција за престојниот 56-ти Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ 2026. Фестивалот ќе трае 18 денови од 14-ти до 31-ви јули.

Ќе настапат вкупно 35 фолклорни групи, оркестри и ансамбли. 8 ансамбли од странство: САД, Венецуела, Порторико, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција и Кина. 1 ансамбл на македонските иселеници од Шведска. 23 фолклорни групи и ансамбли од Македонија. 3 ансамбли учесници само на дефиле. 12 концерти со интернационална музика и игра во Битола и околината. 8 концерти во Битола. 4 концерти во околните општини: Прилеп, Новаци, Демир Хисар.

5 фестивалски вечери со традиционална музика и игра. 8 изложби. Јубилеен, 5-ти по ред Интернационален етнографски филмски фестивал со проекција на 40 филмови од целиот свет. Повеќе од 77 поединечни настани и манифестации со учество од над 1300 учесници.

Подготвил: Сашо Ставрев

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top