Неблагодарно е да се потенцираат одредени настани, па затоа нека фотографиите зборуваат за синоќешнот концерт на квартет „Пелагонија“, кој се одржа на малото плато зад Офицерскиот дом -КИЦ Битола. Летна сцена, амбиент кој воодушевува и музика која може само да се посака.Токму таква беше синоќешната ноќ во рамките на Бит фест 2026. На музичката вечер и претходеше „Културен Хорологион“ со проф. д-р Марјан Танушевски кој пред аудиториумот потсети на втемелувањето на битолскиот Офицерски дом кое датира од 1909 година, велелепен објект проектиран под влијание на австриски и италијански архитекти и граден од вештите раце на смилевските мајстори. Низ историјата се менувала сопственоста на Офицерски кој денес е објект на Културно информативен центар-КИЦ Битола. Танушевски потсети и на деновите кога во Битола бил обликуван градскиот парк, некогашното мочуриште кое по наредба на Абдул Керим Паша во 1901 година е изграден парк, тогаш наречен „Единство“, а во еден период и „Парк на слободата“.


