Битолското културно лето продолжи со актерите од најпопуларната серија „5+ фамилија“, пионер во неформалното образование на децата во Македонија, и серија со која растеа многу генерации. Пред Офицерски дом, најмладите битолчани, нивните родители, баби и дедовци уживаа со најголемите хитови од серијата „5+ фамилија“ која како што велат актерите учи како да бидеме подобри луѓе, подобри другари…
Публиката од различни генерации на „БитФест“ во рамки на културниот претчас „Културен Хорологион“, од проф. д-р Марјан Танушевски беше запозната со првите театарски претстави за деца одиграни во Битола кои датираат од 1947 година со едночинката „Итра лисица среде стапица“ како и првата куклена претстава „Силјан Штркот“ од 1948 година, и двете во режија на Петре Прличко.
Фотографии: Сашо Ставрев




