Концерт на „Трио Интерарт“

Во најава,

Концерт на „Трио Интерарт“

06.08.2026, Офицерски дом – Свечена сала , 20.00 ч.

Трио „Интерарт“, составено од двајца флејтисти и пијано, пред битолската публика ќе претстави концертна програма која ги спојува современиот музички израз, виртуозноста и богатството на камерната музика. Програмата опфаќа дела од еминентни странски автори – Gary Schocker, A. Rubtsov и J. M. Damase, како и композицијата „Ivino“ од македонскиот композитор Марко Виденовиќ, со што концертот добива и силна домашна уметничка димензија.

Со оваа внимателно избрана програма, ансамблот ќе ја истакне разновидноста на звучните бои и можностите на флејтата во дијалог со пијаното, создавајќи атмосфера исполнета со енергија, лирика и виртуозни музички моменти. Концертот претставува средба на различни музички стилови и естетики, кои на публиката ќе ѝ понудат современо и инспиративно концертно доживување.

Настапот на Трио „Интерарт“ е дел од програмата на БИТ ФЕСТ – најзначајната летна културна манифестација во Битола, која секоја година обединува врвни домашни и меѓународни уметници и ја афирмира културата како препознатлив белег на градот.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top