Отворена етно изложба „Етно мозаик на заедништвото’ во организација на Здружението на граѓани за промоција на регионална соработка 22 Нентори “

Во рамките на програмата на Бит фест 2026, отворена етно изложба „Етно мозаик на заедништвото’ во организација на Здружението на граѓаниза промоција на регионална соработка 22 Нентори “. На изложбата се изложени фолклорни носии од сите етнички заедници кои живеат во Битола, прикажувајќи ја нивната автентичност, колорит и историска вредност преку една кохезивна и хармонична целина. Преку материјалното културно наследство и убавината на традиционалната облека, настанот испраќа силна порака за суштинската поврзаност и меѓусебниот дијалог. Оваа ретка поставка се одржува во склоп на „Бит Фест“ фестивалот, под покровителство на Општина Битола, со што се заокружува заедничкиот стремеж за негување на културниот плурализам. Офицерскиот дом ќе биде средиште на настан кој нуди врвно естетско доживување, оставајќи траен белег во колективната меморија на градот.Посебна благодарност до нашите соработници и подржувачи КУД Илинден и Националната установа – Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, како и приватни колекционери.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top