Бит фест 2026 го заокружува богатото културно лето со голем јубилеен концерт на групата „Фолтин“.

Прес конференција посветена на претстојниот јубилеен концерт на битолската група Фолтин, со кој и официјално се затвора 18-то издание на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2026. Во оваа прилика свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Битола, Г-динот Тони Коњановски, кој изрази задоволство и силна поддршка кон културата, како и директорот на ЈОУ КИЦ БИТОЛА, Г-динот Димитар Михајловски кои помеѓу другото ги сподели информаците за бројот на досегашните настани и посетеност на Бит фест 2026. Со свои искажувања се приклучија и членовите на бендот, кои на градоначалникот Коњановски му го подарија новото винил издание со музиката на Фолтин. Концертот е закажан на 29 Август во Хераклеја со почеток во 20.00 ч.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top