Кино браќа Манаки 19.00 ч.- влез слободен
Вечерашната промоцијата на филмскот проект „Стари снимки, нови кодови“ или аудитивно визуелизирање на филмовите на Браќа Манаки, кое се реализира во рамките на програмата на Денот на ослободувањето на Битола, 4 – Ноември, насловена како „Сите бои на сеќавањето“.
Музиката има клучна улога во видеото бидејќи ја надоградува визуелната слика и ѝ дава дополнителна емоционална и наративна димензија. Таа помага во создавање атмосфера, го насочува вниманието на гледачот и ги нагласува важните моменти во приказната. Преку ритамот, темпото и мелодијата, музиката може да предизвика чувства како возбуда, тага, напнатост или радост, со што ја засилува пораката што ја пренесуваат сликите. Кога сликата и музиката се усогласени, видеото станува подинамично, повпечатливо и полесно за доживување од страна на публиката.
Историски гледано, важноста на спојот меѓу сликата и музиката може да се согледа уште во раните почетоци на филмот. Браќата Јанаки и Милтон Манаки, кои живееле и твореле во Битола, се сметаат за први сниматели и филмски пионери на Балканот. Во 1905 година тие го снимиле филмот „Баба Деспина“ а потоа и„Ткајачки“, во кој е прикажана нивната баба Деспина како преде и ткае. Овој краток документарен запис се смета за прв филм снимен на Балканот.
Нивните снимки претставуваат драгоцено сведоштво за секојдневниот живот, обичаите и историските настани од почетокот на XX век. Иако нивните филмови биле неми, при нивните јавни прикажувања честопати биле придружувани со музика во живо, што дополнително ја збогатувало визуелната содржина и ја доближувало до публиката.
На тој начин, уште од времето на браќата Манаки се потврдува дека музиката е неразделен елемент во доживувањето на подвижната слика.
Денес, повеќе од еден век подоцна, нивното визуелно наследство продолжува да добива нови значења преку современи музички интерпретации. Благодарение на тројцата автори Горан Трајкоски, Николче Мицевски и Марјан Неќак, секој со сопствен композиторски музички израз, стил и пристап кон Македонската музика, архивските снимки на браќата Манаки добиваат сосема ново читање.
Музиката не служи само како придружба на сликата, туку отвора нови емоционални и асоцијативни слоеви, овозможувајќи истите визуелни моменти да бидат доживеани од современата публика на поинаков и подлабок начин. Така, минатото и сегашноста се поврзуваат преку дијалогот меѓу сликата и звукот, создавајќи ново уметничко искуство.
Ви благодарам на вниманието. Уживајте во промоцијата.
