Гордоста на битолската архитектура, велелепниот споменик на културното наследство Офицерски дом, привлекува се поголем број на домашни и странски посетители. КИЦ Битола, подготвува содржини и активности за туристичка промоција на Офицерскиот дом со кои ќе се анимират туристите што ќе придонесе за позитивни впечатоци за Битола и Македонија. Во текот на вчерашниот ден имавме група од Израел која се воодушевуваше на убавината и историјата на Офицерскиот дом, за потоа да имаат уникатно искуство со членовите на КУД Илинден кои за нив презентираа традиционални македонски ора и песни. За убавината на настанот и реакцијата на посетителите можете да видите од материјалите кои ги соделуваме со Вас.