Една стара мудрост вели дека „никој не станал пророк во соопствениот град“. Ова најдобро го знаат уметниците, оние кои творат и мораат постојано да ја докажуваат и изведуваат својата автентичност и творечка порака. Токму затоа концертите пред домашната публика се најтешкиот испит за изведувачите. Препознатливи и признати во регионот и светот, веќе петнаесетина години остануваат доследни на нивната музичка идеологија да создаваат песни кои имаат силна духовна порака, која треба да донесе промена, потик, емоција. Од почетокот на својата кариера свесно „одбиваат“ да бидат конфекциски бенд за разонода. Слободно може да се каже дека нивните текстови имаат ангажиран карактер и повикуваат на „слобода“, „борба“, „револуција“„љубов“, „вистина“… Во себе содржат музичка естетика која се обраќа како на човечкиот дух, но и на заедницата. Нивните песни „зиповани“ со огромна музичка енергија спој на поп-рок, фанк, џез, и други стилови ја покажува нивната музичка самодоверба и леснотија со која ја испорачуваат музиката до публиката. Во Јуни 2021 потпишаа ексклузивен издавачки договор со Најголемата издавачка куча во регионот – Кроација Рекордс. Првиот сингл кој е снимен на хрватски јазик е со наслов Права љубав.Тој зборува за безвременооста и бесконечноста на искрените чувства и несебичноста. Во Август 2022 излезе нивниот албум Stages of Love во издание на Croatia Records. Синоќа пред битолската публика во рамките Бит фест 2024 се претставија со песни од новиот албум како и дел од предходно издадените музички материјали. Синоќешниот концерт беше одлична прилика за чуеме уште два авторски битолски бендови @soundwavesofficial__ и @siotojazz кои ја вратија довербата во независната музичка сцена, уште еднаш покажувајќи го посебното место на Битола, не како географско, но како урбано средиште од каде со децении излегуваат најавангардните музичари. Благодарност до Општина Битола и Bit Fest за поддршката на авторските бендови.
@code369.official