На XIII меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“, Битолскиот книжевен круг ја одржа својата средба за 2024-та г. при што беа доделени и неколку награди. Наградата „Книжевен круг“ за поезија на Виолета Танчева-Златева. Наградата „Книжевен круг“ за критика и книжевна историја на д-р. Маријан Патлиџанковски. Наградата „Книжевен круг“ за проза на Михајло Свидерски. Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност на Весна Мундишевска-Велјановска. Наградата „Лингва“ за книжевен превод и афирмација на македонската и странската книжевност на Даниела Андоновска-Трајковска. Наградата „Мозаик“ за странски автор на Никола Шимиќ-Тонин. Додека наградата „Поетски исчекор“ на поетесата Елизабета К. Питулкова. Наградите ги додели доц. д-р Зоран Пејковски.