Битолчани со организирана поддршка на нашите учеснци на „Детската евровизија“ 2024

Не се случува често, наши ученици да ја претставуваат Македонија на големи светски манифестации како „Детската евровизија“. Овој пат таа чест и гордост им припадна на учениците од ОУ Даме Груев, Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13), со песната ,,Маратон”. Тие беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис МРТ. Нивните соученици, наставници, родители и бројни битолчани, минатата Сабота, организирано во Кристалната сала на Офицерскиот дом, преку видеобим го следеа настанот, давајќи гласна поддршка и гласајќи на поставениот линк. Голема радост, искуство и јакнење на колективниот дух кај младите.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top