Божиќен и предновогодишен концерт во Офицерски дом

Традицијата на пријателство и почит, продолжува.

Вечерва во Офицерскиот дом на Културно информативниот центар Битола, Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, организира Божиќен и предновогодишен концерт, кој овoј центар традиционално го организира секоја година на радост на љубителите на хрватската култура во Битола. На програмата се: Изложба по повод 500-годишнина од првото печатење на „ЈУДИТА“ на таткото на хрватската книжевност, Марко Марулиќ, предавањето на гостите од Сплит, Лука Марковиќ- Литературен круг Марулианум, „Марко Марулиќ и Европа“. Главниот настан е концертот на КУД „Јелса“ –„Песни и ора на Далмација“, на гостите од Јелса, островот Хвар. Вечерта со својот настап, ќе ја збогатат специјалните гости, учениците од Државното музичко училиште- Битола: Теона Буџаковска пијано, дуото соло пејачи Климент Ристески и Илијана Серафимова, пијано придружба Александар Грујовски.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top