Синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом – КИЦ Битола се случи Виолин фест. Овој фестивал е познат по својата мисија да ѝ даде сцена на младата виолинска иднина, годинава го одбележува своето 11-то издание – и тоа со симболично враќање таму каде што сè започна, во Битола. Настапија талентирани ученици од музичките училишта од Битола, Охрид и Прилеп. Фестивалот е основан од виолинистот Владимир Костов, чии први музички чекори исто така водат од Битола. Од училишните клупи до големите сцени – неговата инспиративна приказна станува и приказна на сите оние што го препознаваат „Виолин Фест“ како простор каде што младите таленти добиваат глас, шанса и публика која слуша со отворено срце. „Виолин фест“ e поддржан од Министерство за култура.







