Во алтернативниот галериски простор на Офицерски дом, отворена изложбата „Точка на спојување“.

Понеделнички правиме викенд ретроспектива, со акцент на отворањето на ликовната изложба „Точка на спојување“ на младите ликовни уметници, Јоана Арсовска и Јана Николовска, како настан кој привлече најголемо внимание. Имено, се работи за прва самостојна изложба на Арсовска и Николовска кои ни донесоа контрасен , колоритен и синергичен спој на два уметнички сензибилитети споени во една заедничка точка…

Пред многубројната публика на самиот почеток се обрати нивниот професор и ментор, проф. м-р Антони Мазневски, кој даде длабок пресек на на ликовниот сензибилитет на неговите доскорешни студенти, а денеска дипломирани ликовни уметници, Јоана Арсовска и Јана Николовска. Следуваше обраќање на кураторите на изложбата Љилјана Христова и Кристина Петровска, историчари на уметноста кои дадоа свој стручен осврт врз творечкиот израз на двете авторки. Ви пренесуваме дел од нивните искажувања…

Секвенци од секојдневието на платното се преобразуваат во разиграна, колоритна приказна, кое воедно претставува ликување на животот и слободата…На многу автетнтичен, едноставен, искрен и непосреден начин, Јоана ни го разоткрива својот свет-силно обоен, префинето разобличен, со нагласени бои, форми и ликови кои предизвикуваат…

(Кристина Петровска, историчар на уметност).

Јана Николовска е претставник на најмладата генерација на ликовни уметници во Македонија.Таа создава дела кои ја одразуваат нејзината потрага по духовните пространства на комплексната психичка димензија, користејќи искуства на античките мозаични автори, како и влијанијата од современите движења во уметноста…

(Љилјана Христова , историчар на уметност)

Изложбата за отворена ја прогласи директорот на ЈОУ КИЦ Битола, Благојче Божиновски, кој ја истакна важноста за поддршката на младите уметници, најавувајќи отвореност за нови соработки и ликовни проекти.

Изложбата е проект на ЈОУ КИЦ Битола, финансиран од Министерство за култура и туризам, како проект од национален интерес од културата за 2025 г. и е поместена во Алтернативниот галериски простор на Офицерски дом, каде може да се посети наредните недели.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top