Во Источната галерија на Офицерски дом, отворена изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“

Речиси секоја национална култура, има своја авангарда. Овој поим пред се е синоним за сликарската фела која се издвојува како предвесник на културните трендови и движења. Синоќа во Галерија Исток на Офицерскиот дом, поставена вредна, маркантна, антологиска ликовна изложба на македонските сликари кои оставиле траен творечки белег во поновата македонска ликовна историја, поставувајќи ја македонската култура, на еднакво ниво со светската ликовна авангарда. Она што е заеднико за сите ним како ликовни уметници, е што дел од својата надградба, инспирација, рефлексија ја стекнуваат во Парис, како дел од нивниот студиски престој, во различни периоди на својот живот.

Тоа се втората генерација автори кои се родени до 1930 година, и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна па се до 6та и 7та деценија на 20 век: Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, Томо Шијак, Петар Мазев, Спасе Куновски, Ордан Петлевски, Иван Велков, Миле Корубин, Богољуб Ивковиќ, Ристо Лозаноски, Ванчо Ѓорѓиевски, Трајче Јанчевски. Изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“ е продолжение на првата изложба „Париски рефлексии 1“ и претставува продолжување на ицијативата на Француското конзуларно претставништво во Битола и почесниот конзул на Р.Франција, Г-ѓа Калиопа Кривашија Стилиновиќ која ги обедини во заеднички подвиг, Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Р. Франција во Македонија, Националната галерија , Француската алијанса Битола и секако домаќините, Културен и информативен центар Битола. На самиот почеток пред присутните гости се обрати директорот на ЈОУ Културен и информативен центар Битола, Г-динот Благојче Божиновски, за потоа таа чест да ја имаат и Г-ѓа Маја Неделкоска-Брзанова, директор на Националната галерија, Господине Филип Маршето, Прв Советник во Амбасадата на Франција и секако градоначалникот на Општина Битола, Г-дниот Тони Коњановски, кој ги истакна културните врски со Р.Франција, особено со братскиот град Епинал и изрази големо задоволство од соработката.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top