Од настаните кои се случуваат во објектите на ЈОУ КИЦ Битола, со посебно внимание го издвојуваме настанот во Кино Браќа Манаки , каде филмската уметност и ентузијазам на еден поинаков начин го оживееа споменот за народниот херој Стив Наумов. Во прилог избор на фотографии од проекцијата на документарниот филм „Стеван Наумов – Стив , документарен филм“ што се одржа во преполната сала на Кино Браќа Манаки со присуство на голем број на роднини и пријатели на фамилијата на починатиот борец за слободата на македонскиот народ. На промоцијата се обрати и внукот на народниот херој Стив Наумов, Стефан Бошков…
Фото:
Сашо Ставрев







