Да се потсетиме на еден настан кој собра голем број млади луѓе и промовираше оригинална идеја, со повик за еко активизам!
Plastic Fantastic — Битола размислува зелено
Да се потсетиме на еден настан кој собра голем број млади луѓе и промовираше оригинална идеја, со повик за еко активизам!
Преполна сала, инспиративни гости и јасна порака: времето на изговори заврши.
Во кино „Манаки“, во соработка со Гете-институт Скопје и Здружението за македонско-германско пријателство, битолчани гледаа, дискутираа и делуваа против светот што тоне во пластика.
Документарецот Plastic Fantastic не е само филм, туку огледало во кое секој од нас треба да се види.
Секое „само едно шише“ има своја тежина.
Перформанс, креативни рециклирани изработки и инспиративен разговор со Марија Магдалена Петковска Микаровска и Стефан Поповски ја претворија вечерта во зелено движење.
„Еколошката промена не започнува со технологија, туку со едукација.“ — проф. д-р Валентина Илиева
Да ја направиме мисијата зелена, а не пластична ![]()









