Кога една благородна иницијатива, со европски предзнак, преточена во традиција успешно ја правите триесет години, зборовите не се потребни. Друштвото за македонско – полско пријателство и соработка „Висла“ – огранок Битола и Државното музичко училиште Битола, синоќа во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола, го реализираа 31-то издание на „Шопеновата вечер“, на која настапија млади музички таленти од ДМУ Битола. Пред присутната публика се обратија Г-ѓа Малгожата Мачковска од македонско-полското здружение „Висла“, а настанот со своето присуство го збогати и Г-ѓа Ана Каспшик – Вршител на должност амбасадор на Р.Полска во Македонија.