Во Офицерскиот дом одржан Божиќниот и предновогодишен концерт во организација на Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”

Понеделник е ден за нов почеток со нови предизвици, но и одлична прилика да се потсетиме на убавите нешта кои ни се случуваа минатата недела. Ви пренесуваме дел од Божиќниот и предновогодишен концерт во организација на Македонско-хрватското друштво и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ”, кој се одржа на 13.12. 2024 во Свечената сала на Офицерскиот дом-КИЦ Битола. Програмата се состоеше од Изложба по повод 500-годишнина од првото печатење на „ЈУДИТА“ на таткото на хрватската книжевност, Марко Марулиќ, предавање на гостите од Сплит, Лука Марковиќ- Литературен круг Марулианум, „Марко Марулиќ и Европа“, а главен настан беше концертот на КУД „Јелса“ –„Песни и ора на Далмација“, на гостите од Јелса, островот Хвар. Вечерта со својот настап, ја збогатија специјалните гости, учениците од Државното музичко училиште- Битола: Теона Буџаковска на пијано, Ѓорѓи Младеновски на хармоника.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top