„ГРИЖА ЗА СЕБЕ – ОБРАЗОВАНИЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ДОЈКА“
Денеска пред преполната Свечена сала на Офицерскиот дом -КИЦ Битола, со поддршка од Општина Битола и Комисијата за еднакви можности, а во организација на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и во соработка со Мрежата за младинско зајакнување и здравје, се одржа настанот „Грижа за себе – Образование и превенција на рак на дојка“. Пред присутните на почетокот од настанот се обратија, градоначалникот на Општина Битола, д-р Тони Коњановски и Претседателот на Советот на Општина Битола, г-ѓа Габриела Илиевска. Предавачи на настанот се д-р Михајло Вангелов, д – р Иле Кузмановски и д-р Весна Шикловска, а целта е во месецот посветен на борба против рак на дојката да се подигне јавната свест за навремена превенција и брзо делување во борбата против оваа болест.