Во Офицерски дом одбележана 90 годишнината од формирањето на ПСК „Пелистер“

Кога имате деведесет години континуиран ентузијазам, љубов, грижа и посветеност кон планината, зборовите не се непотребни. Во прилог избор на фотографии од свеченоста по повод 90 годишнината од формирањето на ПСК „Пелистер“ што се одржа минатата ноќ во Свечената сала на Офицерски дом КИЦ – Битола. Празнично на едно место во преполна сала, првите луѓе на клубот им доделија благодарници на истакнати луѓе, планинари и разни соработници, претставници на фирми и разни соработници во знак на благодарност за соработката со клубот. На пригоден начин со видео обраќање манифестацијата и присутните ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, почитуваниот д-р Тони Коњановски. Во рамките на одбележувањето беше отворена и фотографска изложба од стотина фотографии на дваесет паноа, насловена како „Убавините на Пелистер“ на авторот и планинар Сашо Ставрев. На оваа прослава беа присутни и претставници на други планинарски клубови од нашата земја како и од соседната Грција. За време на прославата беа претставени фотографии од искачувањата и достигнувањата на одредени планинари и членови на клубот преку видео снимен материјал. Чествувањето по повод 90 годишнината од постоењето на ПСК „Пелистер“ продолжува утре вечер со презентацијата на д-р Сашко Кедев „14 x 8000“ што ќе се одржи во НУ НТБ со почеток од 19 часот и ќе се заокружи во недела на 14 декември со манифестацијата „Денот на планината“ во соработка со ФПСМ и ЈУНП Пелистер со Планинарска пешачка тура од с. Цапари до Инфо-центар на НП Пелистер.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top