Битола отсекогаш имала талентирана младина. Но, ако кон тие млади луѓе навреме им се пристапи со иницијатива, обука, пренесување на знаењето и насоки, шансите талентот да блесне со сиот сјај се секако поголеми. Токму затоа нашата културна установа КИЦ Битола, на ден 06/12/2025 Сабота во Офицерски дом одржа креативна работилница на тема “Пишуваме Детска Книга” под менторство на Ангела Димитровска. На работилницата зедоа учество вкупно 18 деца од основните училишта “Стив Наумов” Битола и “Тодор Ангелевски” Битола.
Првиот дел од работилницата се состоеше од инструкции и насоки за тоа како изгледа структурата на една детска книга. Децата, со помош на интерактивна игра ги смислија главните ликови за своите приказни. Потоа со помош на креативно смислени прашања на кои даваа одговор, го смислија воведот, како ќе се одвива дејството односно заплетот и расплетот и одлучија како би изгледал крајот на приказната. По кратка пауза, децата почнаа да ги пишуваат своите приказни на хартија, користејќи ја нивната имагинација и фантазија. Одкога ги напишаа приказните, секое дете ја прочита својата напишана приказна пред другите учесници при што доби и краток фидбек од менторката.








