· 2m ·
Во исчекување на следните културни настани и најави се потсетуваме на еден значаен настан од областа на образованието и европските перспективи.
На 6 ноември 2024 година УКЛО во својство на домаќин ја организира втората панел дискусија во рамки на Катедрата Аденауер 2024, организирана од Фондацијата Конрад Аденауер, Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел, во соработка со Академијата за Европски интеграции од Скопје, на тема: „Проширувањето и Западниот Балкан – Предизвици и можности“.
На настанот учествуваше и ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски кој посочи дека: “Како домаќини може да кажеме дека ние како Универзитет не чекаме ЕУ да се прошири кон земјите од Западен Балкан, туку ние веќе сме дел од ЕУ, бидејќи сме член на Европска универзитетска алијанса КОЛОРС, финансирана од Европската комисија“.
Повеќе на https://uklo.edu.mk/…/katedrata-adenauer-2024-odrzana…/