Денеска во Свечената сала на Офицерски дом -КИЦ Битола се одржа вториот настан – Тестирање на прототип – Дигитален календар на културни настани на Општина Битола. Да се потсетиме активноста е предвидена во рамките на проектот „Битола 2.0 – Дигитална општина – поблиска до своите граѓани, што го имплементира здружението „Про Локал“ од Битола, а активностите ги координира ЈОУ Културен и информативен центар Битола. Пред присутните претставници од националните културни институции и здруженија на граѓани кои се препознатливи организатори на културни и други јавни настани беше промовирана апликацијата, нејзиниот формат и алатки, начин на комуникација и сл. Со ова се приближуваме крајот на подготвителните активности и официјално пуштање на апликацијата која е планирано за 01.07.2025 г. Со оваа апликација Општина Битола, како и културните оператори, продуценти и организатори, добиваат зголемена видливост, координираност на настани и достапност за поголема публика од домашни и странски посетители, а граѓаните алатка за информирање и по ефективно планирање на своето време и интереси.









