Во посета на КИЦ Битола, Вториот секретар на амбасадата на Јапонија во Скопје.

Денеска во посета на ЈОУ Културен и информативен центар Битола, беше Вториот секретар во Амбасадата на Јапонија во Р. С. Македонија Сатоко Накамура. Во оваа прилика директорот на установата КИЦ Битола, Г-динот Благојче Божиновски со дел од тимот, ја запозна гостинката со културно-историското наследство на Офицерскиот дом и Битола, програмските и просторни можности на КИЦ Битола, како и отвореноста за културна соработка и туризам. При посетата гостинката имаше можност да погледне дел од филмското културно наследство на Браќата Манаки во истоименото кино на Широк сокак, кој е дел од КИЦ Битола. Воедно беше разговарано за идна соработка како во делот на филмската уметност, така и во делот на музичко-сценските уметности.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top