„Гимназиска зимска приказна 4“ на платото пред Офицерски дом.

„Во светот на музиката, секој акорд е топлина што ги загрева зимските денови.“ ❄️Под ова мото се наполни платото пред Офицерскиот дом во вторник на пладне – едноставно, се случи „Гимназиска зимска приказна 4“.

Настапија гимназијалци кои не само што имаат музички афинитети, туку и под менторство на својот професор Владко Симоновски растураат со добра музика!🔥Младинска енергија, одлична атмосфера и публика што уживаше од првата до последната нота.

Платото пулсираше во ритамот на младоста 🎵и сето тоа – во рамките на „Зимската приказна 4“❄️

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Scroll to Top